25 јуни, 2019

Радио

Клои Кардашијан се породи точно пред еден месец и на свет донесе уште една принцеза на познатото ријалити семејство. Од тогаш сите нејзини фанови желно исчекуваат да видат како изгледа малечката Тру.

Иако раѓањето на ќерката на Клои помина во сенка на скандалот, токму тогаш испливаа снимки на кои нејзиниот избраник се бакнува со непозната девојка, фановите со воодушевување дочекаа да ја видат најмладата Кардашијан.

Клои на Инстаграм објави слика со која на светот му ја претстави својата принцеза.

– Среќен прв месец, Тру –  напиша младата мајка.

💕Happy One Month True 💕

A post shared by Khloé (@khloekardashian) on

Остави коментар

Почетна // Забава // Шоубиз // Мама Клои на светот му ја претстави својата принцеза: Запознајте ја најмладата Кардашијан
Горе