Миранда Кер и Еван Шпигел го добија своето прво дете

11 мај, 20180
3

Познатиот модел на Victoria’s Secret, Миранда Кер и директорот на Снапчет, Еван Шпигел официјално му посакаа топло добредојде на своето прво заедничко дете. Малото момче го доби името Харт, по својот прадедо, односно дедо на Еван.

post cover photo

„Нема зборови што можат да ја опишат нашата среќа и сме пресреќни поради пристигнувањето на нашиот син во домот,“ изјави Миранда, а Флин е среќен и возбуден што ќе има помало братче.

Флин е првото дете на Миранда Кер од својот поранешен сопруг Орландо Блум. Тие се разделија во 2013 година по 3 години брак и во 2017 година Миранда повторно се реши да заплива во брачните води со Еван Шпигел. Тие се венчаа при мала церемонија организирана во домот на Еван во Лос Анџелес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *