На Северина ѝ се заканува апсење? Еве што вели нејзиниот менаџер

18 април, 20180
7

Северина Којиќ наводно не се појавила на неколку закажани судски рочишта во Загреб со својот бивши партнер Милан Поповиќ поради што е издаден налог за нејзино апсење.

Северина и нејзиниот сопруг Игор Којиќ требало да се појават во Општинскиот граѓански суд во Загреб на судењето со таткото на детето на Северина, Милан Поповиќ, по повод забраната да објавуваат фотографии од малолетниот Александар на социјалните мрежи, но сопружниците го избегнале рочиштето.

Најдобриот пријател и менаџер на пејачката, Томислав Петровиќ, во изјавата за „Свет“ вели дека неговата штитеница никој нема да ја уапси: „Тоа се глупости. Не постои налог за приведување, ниту е возможно такво нешто во Хрватска при парнична постапка.“

https://www.instagram.com/p/BhgmsJlA457/?utm_source=ig_embed

Милан Поповиќ вчера му доставил на судот нови фотографии од неговиот син Александар, кои Северина изминативе неколку дена ги објавила на својот инстаграм-профил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *