Објавени нови фотографии од повредите на Наташа Беквалац по нападот на сопругот

20 април, 20180
2

Наташа Беквалац минува низ пеколен период. 37-годишната српска пејачка беше брутално претепана од сопругот Лука Лазукиќ, само месец и половина откако го роди нивното прво заедничко дете.

Додека Лука демантира дека извршил физички напад врз сопругата, српското списание „Блиц“ објави фотографии на кои јасно се гледаат модринките на лицето на музичката ѕвезда.

„Ова се повредите на Наташа. Модринките и гребаниците под окото и големи подливи на рацете го демантираат насилникот кој тврди дека ја нема удрено сопругата“ – пишува на насловната страница на списанието.

Анонимен извор за српскиот медиум изјавил дека Лука ја удирал Наташа и по раната од царскиот рез и ја влечел низ станот.

„Лука синоќа си дошол пијан дома и легнал покрај Наташа во кревет. Таа тогаш го зела неговиот телефон и видела љубовни пораки поради кои меѓу нив избувнала кавга. По вербалниот конфликт, Лука ја претепа. Побесна, со тупаници ја удираше по раната од царскиот рез, по што ја влечеше по станот. Беше ужасно тоа што се случи“ – изјавил изворот.

Наташа беше фотографирана од папараците по нападот, но големите очила за сонце не ги сокрија повредите.

https://www.instagram.com/p/BhjmuIknx9O/?utm_source=ig_embed

Лука негира дека ја нападнал Беквалац. „Јас не сум ја тепал мојата жена, јас не сум ја претепал мојата жена и јас мојата жена не сум ја развлекувал низ куќа и не сум ја удирал во раните од царскиот рез, а за раните, прашајте ја неа“ – рече тој.

 

Кога нему му беа покажани фотографии од модринките по нејзиното тело, тој инсистираше дека тие се резултат на антицелулитна масажа. „Што се однесува на подливите на рацете и нозете, таа одеше на масажи за целулит итн.“ – тврди тој.

Лука е категоричен дека ништо не крие и дека кога Наташа физички го нападнала, тој само ја повлекол настрана. „Јас дојдов да ја кажам вистината… Вистината е дека не сум ја тепал мојата жена, вистина е дека сè ова се случува за пари, вистина е дека ова е медиумска хајка… докази има“ – изјави тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *