Ох , ДА!

13 декември, 2018
jason

Ваков Дедо Мраз би посакала секоја жена…

Ѕвездата од „Game Of Thrones“ и „Aquaman“, Џејсон Момоа, беше домаќин во најновата епизода на американската емисија „Saturday Night Live“.

Сите го пофалија неговото харизматично обраќање кон публиката, како и бројните скечови што ги направи за шоуто.

Тој се појави како Дедо Мраз опкружен со ирваси, ги рекламираше „машките“ апарати за домаќинство, јадеше батак во костимот на Кал Дрого од  „Game Of Thrones“ и се појави како „екстра дух“ во пародијата „Christmas song“ на Чарлс Диксон.

Ова е нешто што дефинитивно сакате да го видите, бидејќи овој дух во изведба на Момоа обожава стриптиз и успешно го применува.

Дами, уживајте!

https://www.youtube.com/watch?v=R9F_BsXYhPg