Оваа убавица има нешто да ви каже!
Моделот на Викторија Сикрет на Instagram ја откри прекрасната вест! Лили Олдриџ, 32, објави на Инстаграм дека чека бебе!
“Изненадување!”, напиша убавицата на слика на која се гледа стомачето.
Убавицата и нејзиниот сопруг Кејлеб Фоловил веќе ја имаат шестгодишната ќерка Дикси.
Во едно интервју кое го даде неодамна, Лили открива дека таа има силна врска со колешките Бехати Принсло и Кендис Свонпул, бидејќи тие родија деца во исто време.
“Поминаа неколку години од моментот кога морав да се вратам во форма и телото во состојба како пред бременоста. Се разбира, жените не треба да се осудуваат, затоа што секоја бременост е различна. Како стареам, јас се менувам. И тоа е убаво. Сакам да вежбам и да живеам здраво, но не се оптеретувам со тоа како некогаш. Не морам да имам плочки “.
“Јас сум инспирирана од сите овие неверојатни жени кои се пополни и кои не се загрижуваат околу целулитот. И јас го имам, исто така имам и стрии. Кога бев помлада, јас бев загрижена дека мојот стомак не е рамен … но сега мислам колку бев луда, бидејќи мојот стомак беше прекрасен! “вели Лили.
Исто така, убавицата, вели дека понекогаш се чувствува виновна затоа што не поминува со ќерката доволно време.
“Посакувам да сум со неа во секој момент, но јас сум мајка која работи. Се надевам дека еден ден ќе биде горда на мене. Моето семејство ми е на прво место и имам среќа што работам со клиенти кои не им пречи понекогаш да ја динесам ќерка ми со мене на снимање или бизнис патување. “