ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА МЕСЕЧНО! Како ќе изгледа животот на Јелена Карлеуша како сопруга на еден од најплатените фудбалери некогаш!

18 мај, 20180
2

На семејството на Јелена Карлеуша му се случува нешто за што многумина сонуваат. Сопругот на поп дивата Душко Тошиќ отпатува во Кина со цел да го потпише договорот на својот живот. Имено, тој во новиот фудбалски клуб, чиј тренер е Драган Стојковиќ – Пикси, ќе заработува неверојтани половина милион евра месечно, односно шест милиони евра годишно. Во оваа неверојатна сума не се вклучени премиите, наградите и договорите со спонзорите кои исто така можат да бидат милионски.

Иако неговиот договор со турскиот Бешикташ повеќе од добар, сепак, новиот ќе го направи Душко најплатен српски дефанзивен играч на сите времиња.

Веднаш се поставува прашањето дали Јелена ќе има воопшто потреба да продолжи да настапува и да се занимава со својата работа на начин на кој го правеше тоа до сега имајќи во предвид дека сопругот ќе и биде мултимилионер.

‘Јелена не планира да престане да пее. Таа живее за сцената и нејзиниот сопруг тоа го разбира. Планира нов албум, како и голема концертна турнеа. Значи, се останува како што беше- вели извор близок на пејачката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *