Полусестрата на Меган Маркл: Поканија странци на свадбата, а не семејството

16 април, 20180
1

Писателката Саманта Грант, полусестра на идната британска принцеза Меган Маркл е бесна откако кралското семејство соопшти дека поканите за свадбата на Маркл и принцот Хари се веќе пуштени, а нејзината ја нема никаде.

На венчавката во Виндзор се поканети 600 луѓе, а семејството на поранешната актерка уште не добило покани, вели таа.

„Сметам дека семејството Маркл треба да биде на списокот на кој има еден куп странци. Чичко ни и брат ни, нејзини пријатели од изминативе 30 години… семејство е семејство“, вели Грант.

Маркл (36) е уште блиска со татко ѝ Томас, но уште не се знае дали ќе ја носи до олтарот. Се претпоставува дека мајка ѝ Дорија ќе дојде на венчавката. Со полусестрата Саманта не прозбориле три години.

На листата со гости има многу славни личности, како и луѓе кои се истакнале со нивната хуманитарна работа и извонредни животни приказни, но нема да има политичари, што значи дека поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга нема да добијат покани, иако му се блиски пријатели на Хари.

Извори блиски до кралската палата рекоа дека на списокот со гости има членови на семејството на Маркл, а тоа го потврди и самата идна принцеза.

„Секако дека татко ми ќе биде со мене, освен ако не му падне авион врз куќата. Ќе дојде, вака или онака“, рече Маркл.

Се чини дека покана нема само за полусестрата која не престанува да ја напаѓа во јавност.

Таа има изјавено дека принцот Хари би ја оставил Меган „кога би знаел каква е навистина“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *