Потпишаа предбрачен договор: Вака Александра и Филип ќе го делат имотот, а еве на што Живоиновиќ нема да има право

18 јуни, 20180
1

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ полека ги привршуваат подготовките за свадбената веселба која е закажана за идната недела.

Тие двајца водеа сметка за секој детаљ, а неодамна, како што се дознава, потпишале и пред брачен договор.

„Пријовиќ и Филип се венчаваат од љубов и никој од нив не се интересира за материјалната состојба на партнерот. Сепак тие двајца разговараа и се договорија дека е најдобро да потпишат пред брачен договор. Тоа не е ништо чудно, туку сосема нормална работа меѓу сите двојки, не само во светот туку и во Србија. Двајцата лесно постигнале договор.“

„Во договорот се наведени движниот и недвижниот имот на сопружниците, кој при развод не би можеле да го делат. Тоа значи се што ќе внесат во бракот и по развод останува со нив. Филип нема да има право на нејзиниот стан во Белград. Исто така автомобилот кој го доби на подарок од Филип и останува на Александра“, вели извор додека пак се што е стекнато заеднички во бракот, како што е и со закон определено, ќе се дели на половина, вели изворот и додава:

„Се што ќе стекнат во текот на бракот ќе се дели рамномерно доколку има потреба за тоа. Со тоа што секој од нив има право да се откаже од својот дел во корист на другата страна. Инаку во рамки на пред брачниот договор стои и ставката по која двајцата имаат апсолутно право на користење на движниот и недвижниот имот на партнерот во текот на траењето на бракот.“

Во договорот имало и ставка за подароците. Се она што Александра и Филип ќе го добијат, во што спаѓаат и недвижности, како и пари, не мора да го делат со партнерот.

„Секоја ставка е многу јасна, прецизна и точна. Адвокатот водел сметка за секој детаљ, а со клаузула се обврзани секој приход од моментот на склопувањето на бракот транспарентно да му го покажат на партнерот, кој има право да располага со него. И едниот и другиот се многу успешни во својата работа. Одлично работат и заработуваат и ниту еден момент не сакаа да се оптоваруваат со финансиите. Никој од нив не инсистираше на пред брачниот договор, туку низ разговор одлучиле да го склопат. Двајцата имаат поддршка од родителите и сите едвај ја чекаат веселбата, а подоцна секако и внуче“, завршува изворот.

По повод овие информации, не се јавија да потврдат ниту демантираат ни Филип ни Александра.

Инаку Брена и Боба едвај ја чекаат свадбата која е закажана за 21 јуни во Црквата Василј Острошки на Бежанијска коса во Белград. Од негова страна кум е Милош Теодосиќ, а од нејзина Ацо Пејовиќ. Свадбената веселба е закажана за Белекспо центарот и ќе присуствуваат 900 гости.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *