Принцот Хари: Како се чувствува по притисокот Меган Маркл да забремени

17 септември, 20180
х3

Принцот Хари е во чисто блаженство со неговата нова сопруга Меган Маркл и не се грижи за шпекулациите за тоа дали е бремена или не.

Всушност, на него не му се брза да имаат бебе.

Принцот Хари (34) е апсолутно заљубен во Меган Маркл (37), и иако чувствува дека ќе биде одлично да започне семејство со неа, не се грижи кога тоа ќе се случи.

“Првите неколку месеци од бракот беа уште подобри отколку што Хари замислуваше дека би можеле да бидат, а тој секојдневно се заљубува се повеќе во Меган”, изјави ексклузивно HollywoodLife.

“Тој е неверојатно среќен. По  лудилото после свадбата, сега тие конечно се навикнуваат на секојдневниот брачен живот, и почнуваат да го добиваат својот ритам како брачна двојка, и  навистина се блажено среќни заедно. Хари би сакал тие да имаат деца, но тој навистина не се брза, и сега сака да ја има Меган само за себе. Во идеален свет, Меган ќе забремени следната година, но Хари не чувствува никаков притисок да започне семејство, и претпоставува дека ќе се случи кога ќе се случи “.

Идната бременост на Меган е во последно време тема на разговор, па затоа е добро да се знае дека Хари не дозволува постојаните баратели на бебиња да го направат да се чувствува присилен да стане татко.

Заљубениот пар претходно изјави дека би сакал да започне семејство, но бидејќи тие се во брак речиси четири месеци, разбирливо е дека би сакале да почекаат малку подолго.

Во прилог на бебе шпекулациите, Меган и Хари го привлекоа вниманието со тоа што се многу зафатени со разни јавни излегувања, откако кажаа “Да”.

Кралската двојка присуствуваше на свадби, добротворни настани и дури отиде да ја види популарната претстава Хамилтон во последниве неколку месеци.

Сметаме дека е безбедно да се каже дека со бебе или без, овие двајца знаат како да се забавуваат и ќе продолжат да го прават тоа во својата среќна иднина заедно!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi