Пукна најголемото пријателство: Се скараа Карлеуша и лукас!

31 мај, 2018
7

Пејачката Јелена Карлеуша и фолк-пејачот Аца Лукас го прекинаа своето пријателство.

„Неколку месеци пред Лукас да одржи концерт во Сараево се договорил со Карлеуша таа да му биде главниот и единствен гостин и требало да ја отпеат дуетската песна што ја снимиле минатата година. Сето тоа било договорено до најситните детали, а Аца не криел деа таа ќе му биде гостинка и дека за тоа зборувал со колегите и пријателите“, вели близок извор до пејачите. Конфликтот настанал кога Карлеуша го откажала своето гостување на концертот на Лукас во Сараево.

„Два дена пред настапот таа му рекла дека нема да може да му биде гостинка на концертот. Му објаснила дека има закажан настап и дека заборавила тоа даму го каже. Лукас толку се извадил од такт, што одлучил да ги прекине сите контакти и повеќе не сака да слушне за неа. Таа се обидела да се оправда дека заборавила, но тој не сакал да го прифати тоа. Неколку дена подоцна се сретнале на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ и избегнувале секаков контакт, а паднале и тешки зборови во текот на снимањето“, вели пријател што е упатен во случајот.

Наводно, заборавила да му каже дека има закажано настап. Овие тврдења се проверени и кај Лукас, но тој не сакал да коментира, па кратко одговорил:

„Ај здраво, за тоа нема ништо да зборувам“, изјавил Аца, кој не сакал ни да ги потврди ни да ги демантира ваквите информации. Карлеуша исто така не се огласила по прашањето на оваа ситуација, но интересно е што тие повеќе не се следат на социјалната мрежа „Инстаграм“. А по кавгата, и двајцата ги избришале заедничките фотографии од профилот.