Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ иако пред само две недели се заколнаа на вечна љубов, веќе имаат несогласувања.

Имено тие неодамна се видени пред настап на пејачката како се расправаат за тоа каде во иднина ќе живеат.

Судирот избил токму поради тоа дали животот ќе го продолжат во Србија или ќе одат во Америка. Филип инисистира на неколку месеци да го сменат местото на живеење и од Србија да се отселат во Мајами, каде би го продолжиле животот, далеку од татковината. Меѓутоа плановите на Александра се малку поинакви.

-Александра и Филип никогаш до сега немале никакви проблеми, бидејќи сите прашања ги решаваа во од, па така сакаат да направат и со новонастанатите проблеми кои очигледно постојат веќе некое време. На повеќе настапи Филип ја следи Александра, па така било и овојпат. Претходните денови водеа полемика околу тоа каде треба да биде стациониран нивниот живот, бидејќи Филип има голема желба да се врати во градот каде поминал поголем дел од животот. Меѓутоа Александра смета дека тоа не е добро за неа и нејзината кариера, која сака да ја продолжи. Наспроти неа Филип смета дека за нив е подобро да одат во Америка , каде би основале семејство. Од друга страна Александра сака тоа да биде Србија и не сака да биде одвоена од блиските, вели извор упатен во ситуацијата, пренесуваат српските медиуми.

-Во моментот кога настанала караницата, било видно дека таа побеснела и само на крај му порачала: Ќе те замолам да ставиме точка на таа приказна и да ја продолжиме утре, бидејќи не е ниту време ниту место сега да зборуваме за тоа, по што тој ја бакнал и рекол дека се ќе решат. Се извинил, но таа веќе заминала, открива изворот.