Сека Алексиќ имаше естетска операција!

7 јуни, 20180
1

Сека Алексиќ пред неколку дена заврши на операција. Фолк-пејачката одлучи да ги зголеми и подигне своите бујни гради, кои значително се опуштиле поради бременоста и доењето на малиот Јаков, откриваат извори блиски на Алексиќ.

“Сакаше малку да ги зголеми градите, но и да ги затегне, бидејќи и’ се опуштија од доењето. Ги направи сите потребни прегледи и утредента се најде на операциона маса. Самиот зафат траеше околу два и пол часа. Супер го поднесе. Иако можете да остане уште еден ден во болницата и да биде надгледувана од лекарскиот тим, сепак одлучи да се врати дома, каде што за неа се грижеше нејзиниот сопруг Вељко.“

Имаше мала трема од операцијата, што е разбирливо. Меѓутоа, се’ помина во најдобар ред. Вељко беше со неа кога дојде на операција и седеше покрај неа кога се разбуди од анестезијата. Дури кога се увери дека се’ помина како што треба, замина дома да биде со малиот Јаков“, раскажува изворот и додава дека Вељко веднаш дошол по пејачката штом му се јавила од клиниката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *