Сите девојки со кои принцот Хари излегувал пред Меган Маркл

20 јули, 20180
h7

Тоа беше време кога се чинеше дека Хaри нема никогаш да се смири.

Откако принцот Хари официјално ја објави веридбата со американската актерка Меган Маркл, и така ги сруши сништата на сите кои фантазираа за преслаткиот принц, но и за кралската титула. Но, пред да ја најде жената од своите соништа, достојна за кралското семејство, Хари излегуваше со бројни актерки, модели, поп-ѕвезди, но и ‘обични’ девојки.

Ова е љубовната повест на Хари:

1.Ели Гулдинг

Пеачката Ели Гулдинг и принцот Хари никогаш не биле службено заедно, но гласините за парот почнале да течат откако биле забележани како се бакнуваат во јуни 2016 година (оваа фотографија е од 2014 година). Неколку месеци после тоа, пејачката ја демантира врската.

  1. Кресида Бонас

Хари беше во врска со Кресида Бонас од 2012 до 2014 година. Имаше гласини дури и како принцот сакал да се ожени со светлокосата убавица. Но, таа призна дека таа врска ја правела несреќна поради тоа што добивала зголемено внимание од  јавност и не била во можност да ја развива своја актерска кариера додека е во врска со принцот.

  1. Моли Кинг

Пеачката од групата The Saturdays им кажала на медиумите во 2012 год. дека излегла со принцот, што не му се допаднало и ги прекинал сите контакти со неа.

  1. Флоренс Бруденел – Брус

Британската манекенка Флоренс Бруденел-Брус и принцот Хари беа во врска во 2011 година, но тоа кратко траеше поради тренингот на Хари за пилот во Британската Армија. Флоренс подоцна се омажи за банкарот Анри Џорџ.

  1. Каролин Флак

Водителката на Икс Фактор, Каролина Флак, која ја поврзуваа со Хари Стилс, изјавила дека во 2009 година излегла со принцот кој го запознала преку заеднички пријатели. Во својата книга “Storm in a C  Cup” пишувала дека врската завршила кога излегла во јавноста.

  1. Челси Дејви

Челси и Хари се запознале во училиште, а биле во врска во периодот од 2004 до 2010 година (со прекини). Иако веќе ја раскинале врската, Челси во 2011 година беше повикан на свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Челси работеше неколку години како адвокат, откако завршила право на Универзитетот Лидс, но подоцна ја напушта правната кариера и се посветува на својот бренд за изработка на накит – Aya.

  1. Натали Пинкам

И покрај тоа што нивната врска никогаш не била официјално потврдена, британската телевизиска режисерка Натали Пинхам била во врска со Хари во 2003 година. Подоцна останале пријатели, а Натали во 2012 година се венчала за Овејн Валбјоф.

  1. Астрид Харборд

Принца Хари го поврзуваа и со Астрид Харборд, пријателка на Кејт Мидлтон, откако биле видени заедно во 2009 година.

  1. Камила Ромстранд

По прекинот со Челси Дејви, принцот се поврзуваше со норвешката пејачка Камила Ромстранд, фронтмен на бендот Eddie the Gun. CBS во 2010 година објави дека Камила им кажала на своите пријатели дека ја поминала ноќта во Кларенс Хаус, каде што Хари и донел доручек во кревет, но тој никогаш не го потврдил тоа.

  1. Кејси Самнер

Манекенката Кејси Самнер тврди дека имала афера со принцот на една ноќ во 2004 година, кога имал 19 години. Таа ја изнесе својата приказна во многу детално интервју, но Хари никогаш не ја потврдил и оваа приказна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi