За прв пат беа максимално умерени: Сестрите Кардашијан воодушевија со елегантниот изглед

7 ноември, 20180
kim 0

Кој би рекол дека Ким и Кортни можеби за прв пат во животот одлучија да не предизвикуваат внимание со провокативен стајлинг.

Ким и Кортни Кардашијан буквално ги украдоа сите погледи на настанот LACMA Art and Film Galа што се одржа на 3 ноември 2018. година во Лос Анџелес. Иако сме навикнати познатите сестри да ги гледаме во различни изданија, овој пат тие избраа класични модели и сите се воодушевија кога се појавија во Gucci фустани, едноставна шминка и фризура.

Двете носеа тесни долги црни фустани кои ги нагласија нивните атрибути. Ким одбра свилен модел со длабок V-израз, а деколтето е дополнително нагласено со чокер и приврзок во форма на крст. Косата и беше пуштена и го стави акцентот на шминката и nude усни.

Кортни носеше фустан со гол грб и целосно го прескокна накитот, а шминката беше сведена на минимум, додека нејзината полу-подигната коса ја подмлади и изгледаше совршено. Класиката е сепак најдобар избор, нели?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *