10 црни парчиња облека кои мора да ги има секоја девојка

4 декември, 20180
црно

Секогаш кога не знаете што да облечете – слободно препуштете и се на црната боја! Со неа не може да направите грешка, колку таа е сериозна,  толку е и елегантна, а може да биде секси и спортска …Сè зависи од тоа како ќе ја вклопите, кое парче ќе го одберете и со какви детали ќе ја искомбинирате.

Без оглед на вашиот стил, секоја жена треба да има барем едно од следните 10 парчиња во црно – тие се вечни и секогаш можат да се вклопат во сите трендови кои што доаѓаат и си одат!

  1. Црн капут

Не постои комбинација во есен и зима која што нема црниот капут да ја направи комплетна и совршена, без разлика дали стаува збор за  чиста елеганција или целосно релаксиран стил.

https://www.instagram.com/p/Bpq-JIBAeaI/?utm_source=ig_embed

  1. Црна кожна јакна

Моќно парче кое се вклопува баш во сите стилови!

  1. Црни панталони

Од моментот кога ќе посакате да изгледате елегантно, до моментот кога не знаете што да облечете, црните панталони секогаш ја спасуваат ситуацијата и тоа на најубав начин!

Без разлика дали се лабави или лелеави, тексас или кожни…

Црните панталони се секогаш полн погодок!

  1. Црн џемпер или ролка

Парче кое во себе ја носи едноставноста, а воедно и е незаменлива класична елеганција, а исто така се вклопува со сè.

  1. Црна кошула

Кога велиме бизнис мода, првата асоцијација е, се разбира, црната кошула.

Покрај со класичните костими, исто така, совршено се вклопува со фармерки, здолништа … Буквално, со секое парче и во секоја пригода!

  1. Црна маица

Наједноставната црна маица е една од парчињата што секоја жена треба да ја има и тоа неколку.

  1. Црн фустан

И, стигнавме до омиленото парче на многу жени – црниот фустан! Без разлика дали станува збор за прочуениот краток црн фустан, или некој подолг, широк или тесен, со него едноставно не можете да направите грешка.

  1. Црна ташна

Вечна класика на милион начини. Толку.

  1. Црни чизми

Нема ништо потешко од изборот на само еден пар црни чизми! Дефинитивно, тие се меѓу најелегантните обувки што постојат и секоја дама го има својот омилен пар.

  1. Црни салонки со високи потпетици

Тие се идеални буквално за секоја пригода – од дискретни, елегантни украси на бизнис комбинацијата до моќно оружје на секоја заводничка!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *