3 модели на блузи кои ќе ја одбележат есента

3 септември, 20180
moda

Нејзиното величество се врати на голема врата и едвај чекаме да ја пречекаме есента во неа. Секако дека класичните (бели и црни) блузи се неизбежни во ормарот на секоја дама, лесно се комбинираат, практични и идеални се за сите пригоди.

Меѓутоа, покрај никогаш ненадминатите парчиња, трендовите најчесто наложуваат малку да отстапиме од вообичаените стилски норми и да навлеземе во моден експеримент, а есента како да е подготвена за тоа!

Затоа гордо ќе експериментираме со романтиката, ретро вајбот и викторијанската естетика, но и асиметричните кроеви кои се апсолутен ХИТ во наредната сезона.

Во продолжение ќе го насочиме вниманието кон влијателните модни девојки, кои веќе постепено ги вметнаа блузите во своите секојдневни изгледи и така ги најавија есенските must have парчиња!

#Ladylike

Се разбира дека е розевата блуза со машна околу вратот, вистинско дамско и романтично парче облека кое е идеално за комбинација со сако со каро дезен.

# Деконструиран модел

Црно-белите линии се на сила и во текот на есента само што овој пат ги носиме во асиметрични кроеви! Instagram инфлуесерката, која стои зад профилот Antlanic-Pacific, демонстрираше фантастичен пример.

# На преклопување

Еден од моделите кој е наш фаворит е со преклопување – практичен е и можете да го комбинирате со лесна памучна маичка во casual варијанти, но и со впечатлив накит за вечерните пригоди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi