11 декември, 2018

Радио

Купете ги овие работи и не мора да се грижите за тоа што ќе облечете на работа, во диско или на состанок…

Зимата пристигна.  За љубителите на модата, тоа значи една работа – пристигна новата шопинг-сезона! Новата облека е во продавниците и чека да потрошите пари на неа. Наместо да инвестирате цело богатство во ова хоби , ние за вас одбравме 6 парчиња и благодарение на нив ќе бидете со стил од глава до пети. И забележани, се разбира!

Син кариран капут

Карираните капути се голем тренд на оваа зима, а одлично е тоа што откако ќе помине трендот, ќе останат прекрасно парче облека што можете да го носите со години.

Здолниште со животински дезен

Животинскиот принт е секогаш во мода, а особено оваа сезона ви  предлагаме да вложите во вакво здолниште.

View this post on Instagram

L.A. fall attire

A post shared by Aimee Song (@songofstyle) on

Фустан со ролка

Оваа модна класика е неизбежно парче во гардеробата на секоја вистинска љубителка на модата која знае како да ја цени неговата моќ, бидејќи, покрај тоа што е тренди, се вклопува во сечиј стил и е непогрешлив избор за зимата.

Мартинки

Мартинките оваа сезона се дел од сите модни комбинации, рокерски и романтични, важно е само моделот да биде вклопен со стилот.

Плетен комплет

Покрај тоа што ја олеснува комбинацијата на аутфитот (бидејќи тие се веќе целосен аутфит), плетените комплети станаа многу популарни и доаѓаат во разни варијанти, од лабави до свечени, што ги прави одличен избор за разни пригоди, особено оваа сезона.

View this post on Instagram

🍆

A post shared by Monikh Dale (@monikh) on

Свилена блуза

Свилената блуза би требало да биде во сопственост на секоја дама и дел од нејзиниот гардеробер, а доколку не сте ја имале до сега, ова е вистинскиот момент да ја купите.

Остави коментар

Почетна // живот // Не трошете залудно пари: Единствените 6 парчиња кои ви се потребни за оваа сезона
Горе