Чекавме на нив долго време, конечно се вратија: Овие хит чизми наскоро ќе завладеат со улиците

29 август, 20180
ц1

Овие модни шампиони се идеални за панталони и здолништа,  заштитуваат од зимата и изгледаат толку гламурозно и шик. Кој не би ги посакал?

Високите чизми над колена, сосема несоодветни за одење на работа, непрактични чорапи / чизми до глуждови и чизми во бела боја налик на канцеларијски коректор конечно добија елегантна конкуренција.

Чизмите до колена со висока, но практична пета подолго време не беа мода, но во претстојната есен и зима се враќаат во полн ек, со полн сјај!Ова парче изгледа одлично со фармерки и панталони со тесен крој, со деловни костуми, молив или широки здолништа и лелеави бохо-фустани што во зима ги носиме во хипи стил.

Овие чизми ја враќаат женственоста во модата, а им прилегаат баш на сите, без оглед на висината и телесната градба.Ние откривме за вас неколку убави модели кои веќе може да се купат во брендираните продавници.

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *