Дали ова е најпосакуваниот фустан од Зара ова лето?

3 август, 20180
zara

Погледнете како облеката на Зара ја носат модните трендсетерки ширум светот.

Во поплавата од модни трендови, најдовме фустан кој особено го привлекува вниманието на многу трендсетерки. Овие дами особено ја сакаат облеката на брендот Зара – еден од најпопуларните high street брендови во светот.

Зара и многу други модни брендови ова лето нашле инспирација во колекциите на францускиот дизајнер Жакемус, кој во моментов е еден од најдобрите дизајнери. Неговата колекција “Ла Бамба”, посветена на неговата мајка, го најави враќањето на едноставна и женска облека. Лесни ткаенини, огромни сламени шешири, земјени бои и се разбира, фустани и здолништа на копчање.Фустани со големи копчиња го пронаоѓаат патот до женската гардероба со помош на Zara, Mangо, Topshop и други брендови.

Од сите фустани што ги видовме во колекцијата, еден веднаш ги освои нашите срца, и како што забележавме срцата на многу модни фанатици од целиот свет. Станува збор за многу удобен миди фустан од бело платно на брендот Зара. Покрај ниската цена, овој фустан нуди безброј опции за комбинирање и може да се носи со спортски чевли, елегантни сандали, кожни папучи или еспадрили. Во зависност од пригодата, можете да го комбинирате овој фустан како што сакате, но секогаш ќе изгледате женствено и уредно.

Погледнете како фустанот на Зара го носат модните ентузијасти од целиот свет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi