Десет најбизарни модни комбинации во 2017 година

8 јануари, 20180
1

Модата е изразување на стил и оставање сопствен печат, ама некогаш тоа ги надминува правилата и наместо да биде автентично, преминува во комплетен кич. Веќе започна 2018 година, па време е да се направи листа на најчудните модни комбинации кои поминаа на црвениот тепих минатата година.

Рита Ора

Британската пејачка Рита Ора не престанува да ја изненадува јавноста со ствојата контроверзност, но и модниот стил. Иако во изминатата година имаше неколку успешни изданија, сепак ќе остане запаметена по појавувањеро на MTV наградите во Лондон, каде беше проследена со критика од јавноста.

Никол Кидман

Актерката е вистинска ѕвезда и вообичаено има беспрекорен стил, харизма и став. Но, на SAG наградите во Лос Анџелес, ги збунила сите кога се прошетала со блескавиот зелен фустан на „Гучи“.

Џесика Харт

Иако не е толку позната во јавноста, австралиската манекенка била меѓу главните теми во медиумите, откако на Меѓународниот филмски фестивал во Кан се појавила во свилен син фустан со машна.

Ријана

Поп пејачката има екцентричен стил кој се темели врз хип хоп музиката. И додека често е дел од најдобро облечените јавни личности, со одлично комбинирање на блузони и бунди, на Мет галата ги изненадила сите присутни. Таа носела стоевити материјали, со чуден цветен дизајн, искомбиниран со розова шминка, која само го надополнила кич изгледот на пејачката.

Хелен Ласинчан

Сопругата на Фарел Вилијамс е уште една од дамите кои биле критикувани на Мет галата.

Хелси

Младата пејачка го привлека вниманието на јавноста на доделувањето на радио наградите iHeart, каде градите едвај и биле покриени со голем жолт ремен.

Џенифер Конели

Ѕвездата на „Реквием за еден сон“ избрала креација на познатиот дизајнер Луи Витон. Но, иако тоалетата е од познатата француска модна куќа, многумина сметаат дека е една од најлошите.

Кејти Пери

Уште една контроверзна американска пејачка која речиси секогаш успева да дојде на врвот на најлошо облечени ѕвезди. Таа на Мет галата носела црвен костим со необични детали на велот, под кој се криела пејачката.

Соланж Ноулс

Сестрата на славната Бијонсе ги дели критичарите на два дела. Додека некои се воодушевуваат на храброста, други сметаат дека оваа комбинација не е прав избор за на Мет гала.

Лили Олдриџ

Иако комбинацијата е идеално искомбинирана со пропорци и асиметрии, моделот згрешила со еден детал – розовиот вел кој бил единственото нешто што отскокнувало од нејзиниот стил.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi