Џиџи Хадид со својата модна комбинација не врати во осумдесетите

19 октомври, 20180
gigi 0

Осумдесетите одлично и прилегаат.

Популарниот модел нè забавуваше, исто како и минувачите во Њујорк, каде на улицата снимаше едиторијал. Облечена во тиркизна кошула со принт од леопард, црни фармерки со висок срук, позираше возејќи велосипед. Во комбинација со кошулата и фармерките во пакет беа и белите чизми со високи потпетици и црн кожен каиш со нитни. Се разбира,какви би биле осумдесеттите без шишки и “натапирани” и “бланширани” фризури, па дури и во овој случај ова не недостасуваше. На ова снимање, се чини дека се внимавало на секој детаљ, па убавата Џиџи носи само една висечка обетка, како што некогаш беше во тренд.

Кој и да е одговорен за стајлингот на овој едиторијал, направил одлична работа, а судејќи по изразите на лицето на моделот и на неа и се допадна улогата која и беше наменета.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi