Едно вакво здолниште ќе ве трансформира во ѕвезда на уличниот стил

26 септември, 20180
з1

Mиди здолништата во сите можни примероци се ултимативен хит на сезоната, а ако го барате најпосакуваното, одберете модел со леопард или кариран дезен.

Ако сте се решиле да се фрлите во потрага по само едно хит парче кое ќе го освежи вашиот есенски гардеробер, предлагаме да ѕирнете во делот со здолништа, каде што оваа сезона ве чекаат пријатни изненадувања.

https://www.instagram.com/p/BoAJgL9HzVq/?utm_source=ig_embed

Миди здолништето, со рамен или асиметричен раб, е мотивот кој се повторува на  фотографиите од уличниот моден стил од сите краишта на светот, а бидејќи се облечени во миди здолништа со А-крој, на својата фигура можат да ги  прилагодат баш сите жени.

Овие здолништа изгледаат одлично со маици, кошули и преголеми спортски маици, а може да ги носите и со хит бели чизмички, и со патики.

https://www.instagram.com/p/BnEa4rCnVdC/?utm_source=ig_embed

Посебно се привлечни со кратки кожни јакни или блејзери, што не значи дека не можете да ги носите со балонка – напротив, токму така ќе создадете изглед на бизнис-жена во тренд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *