Диета против кандида

25 јули, 20200
2

Диетата против кандида е специфичен начин на исхрана, со која се спречува размножувањето на кандидата, со цел да се спречи габичната инфекција, поточно нејзиното ширење, и потполно да се елиминира.

Што не треба да јадете во текот на анти кандида диетата

– Шеќер, сите видови затоа што тоа е омилената храна на габичките. Се советува да се исфрли и малата количина шеќер што обично ја ставаме во кафето и чајот. Тука се мисли и на благите работи, медот и овошјето богато со шеќер (лимон и грејпфрут се изземаат):
– млеко и млечни производи (путерот и јогуртот не спаѓаат во групата на забранети);
– квасец и секој вид тесто;
– печурки, сите видови;
– свинско месо;
– продукти што содржат скроб (компир, бело брашно, бел ориз, лиснато тесто);
– сите конзервирани производи;
– сладолед;
– кафе, црн чај, алкохолни и слатки пијалаци.

Дозволени продукти во текот на анти кандида диета

– свеж и готвен зеленчук (морков, цвекло, домат, брокули, прокељ, карфиол, зелка, кељ, целер, лук, кромид, зелена салата);
– мешунки (грав, грашок);
– интегрални житарки (пченка, пченица, овес, јачмен, ’рж, ориз, просо);
– јаткасти плодови (лешник, бадем, орев);
– семки (лен, сончоглед, тиква);
– леб и печиво од интегрално брашно без квасец;
–  месо од пердувести животни, дивеч, риба и морски плодови;
–  млеко од соја, тофу сирење, јогурт;
– путер, маргарин и растително масло;
– чаеви (брусница, жалфија, камилица), дозволено е додаток на лимонов сок.

Диетата против кандида подразбира и внесување што повеќе течности за да се исчисти организмот што побрзо. Исто така, се препорачува и примена на диетата долг временски период за да не се врати кандидата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *