Експрес диета: Витка става за само две недели!

16 јули, 2018
15

Брзите диети може да бидат шок за организмот, но овојпат ви претставуваме 15 дневна диета која ќе ви помогне да ослабнете неколку килограми без негативни последици по вашето здравје. Оваа диета е базирана на протеини и избрани јаглени хидрати, а со неа ќе изгубите 3 до 5 килограми за само две недели.

Понеделник
Појадок: сок од портокал и една чаша на овесни снегулки.
Ручек: супа од зеленчук, интегрални тестенини со доматно пире, овошен компот.
Вечера: супа од зеленчук, туна и едно парче тост.

Вторник
Појадок: сок од домати, 2 парчиња тост со тенок слој путер.
Ручек: крем супа од печурки, пилешко на скара, една мандарина .
Вечера: супа од зеленчук, два печени компири со зачини.

Среда
Појадок: чаша од овесни снегулки и мешана овошна салата.
Ручек: супа од домати, тенка свинска шницла и пире од компири.
Вечера: супа од зеленчук, зеленчук на скара.

Четврток
Појадок: милк-шејк од 2 банани, 1 лажица мед и 100 мл. млеко.
Ручек: супа со зеленчук, 2 цели домати со шпагети и 100 гр. безмасно сирење.
Вечера: супа од зеленчук, филе на ослиќ и варени компири.

Петок
Појадок: 2 варени јајца и сок од цедени портокали.
Ручек: супа од зеленчук, пилешко филе на скара и зелка салата.
Вечера: супа од зеленчук, динстани моркови.

Сабота
Појадок: чаша од овесни снегулки и 2 дл јогурт.
Ручек: крем супа  од печурки  и печурки на скара .
Вечера: супа од зеленчук, 1 парче печена кокошка и зеленчук обарен на пареа .

Недела
Појадок: сок од морков и целер.
Ручек: супа од зеленчук, варен кафеав ориз зачинет со сок од лимон и лук.
Вечера: супа од зеленчук, филе на ослиќ зачинет со маслиново масло и лимон.