Храна што драстично го намалува ризикот од рак

27 јули, 20200
5

Доколку јадете црн леб и интегрални житарки три пати дневно, ќе го намалите ризикот од развој на рак на цревата за 20%. Овие намирници се богати со елементи кои ја зајакнуваат природната одбрана на организмот.

Нучницитe утврдиле дека прехраната богата со диетални влакна, за којашто веќе е утврдено дека штити од кардио-васкуларни болести, штити и од појава на рак на цревата којшто во многу развиени земји е трет најчест тумор.

Истражувајќи податоци од скоро два милиони луѓе, научниците заклучиле дека исхраната богата со диетални влакна нуди силна заштита од рак – објавено е во British Medical Journal.

Веќе подолго време се шпекулира дека диеталните влакна нудат заштита од тумор, но немаше цврсти докази. Но, новото истражување коешто се темели на 25 претходни истражувања, покажало дека три оброци дневно од 90 грама го намалуваат ризикот од рак на цревата за 20%.

Епидемиологот д-р Дагфин Аун од Империјалниот колеџ во Лондон, вклучен во истражувањето, вели дека е забележана очигледна врска меѓу поголемиот внес на диетални влакна и намалувањето на појавата на тумори.

Истражувачите сметаат дека кон тоа прдоинесува и поголемиот удел на фолати и магнезиум, а овие два елементи се поврзани со помалиот ризик од рак.

Значи, наместо мекото бело лепче, следниот пат купете си црно… поздраво е.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *