Храна што ќе ве засити и ќе ви помогне да ослабнете

3 април, 20180
4

Природните согорувачи на масти не се мит. Еве ја реалноста – екстраздрава храна која ќе ве засити и ќе ви помогне да ослабнете…

Кисело млеко. Тоа е одлична алатка за слабеење. Има помалку калории од павлаката, а заситува повеќе од јогурт. Можете да го додадете како прилог во секое јадење за да го продолжите чувството на ситост, а и да го подобрите вкусот без додатоци на мрсни млечни преработки какви што се павлаката или кајмакот.

Киноа е житарка на која веројатно не ни помислувате кога планирате оброк. Полна е со протеини и влакна и е веројатно најквалитетна житарка од сите. Убаво оди со шампињони и со зеленчук, па можете да ја користите и за ручек и за вечера, па дури и за ужина ако додадете малку мед.

Цимет. Ефикасно го контролира нивото на шеќер во крвта и е одличен додаток за јадењата кај кои не можете а да не додадете шеќер. Секако, неговиот ефект е ограничен, па сепак ќе мора и самите да го намалите внесувањето на шеќер, а циметот ќе ви помогне да го подобрите вкусот без дополнителни калории.

Лути пиперки. Можат да бидат одличен природен согорувач на масти затоа што буквално ги согорува калориите со зголемувањето на телесната температура. Одлично одат со месо, но пробајте да ги додадете и на зеленчуковите чорби и ќе се уверите колку ќе ви годат овие лесни оброци.

Зелен чај. Тој е тајна состојка на повеќето согорувачи на масти, па зошто не би го користеле во својата исхрана. Не само што шолја зелен чај ќе ви помогне подобро да ја сварите храната, туку на кратко ќе го забрза метаболизмот и ќе ги согори дополнителните калории. Слично е и со кафето – секако, ако не му додадете шеќер, млеко и кекси.

Јаболки, круши и грејпфрут. Овие овошја се богати со влакна што ја зголемуваат ситоста, а и самото овошје е исклучително здраво и преполно со витамини. Јадете овошје пред, наместо после оброк.

Јајца. Во диетите тие се неправедно запоставени, а всушност можат да ве заситат заради големата количина на протеини и тоа оние најздравите. Јадете ги повеќе во утринските часови и одвојте ги од термините за тренинг бидејќи можат да бидат тешки за варење. Три јајца на ден е порција која им одговара на повеќето луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi