ПОЧНЕТЕ УШТЕ УТРЕ: Ако сакате да слабеете треба да јадете точно во ова време!

8 август, 20180
2

Научниците долго се обидувале да откријат дали времето на оброк има врска со метаболизмот и таложењето масти и конечно дошле до заклучок дека овие две работи се многу поврзани.

Имено, на крајот на истражувањето, се покажало дека најдобро време за појадок е околу 7 часот наутро, додека ручек се препорачува околу 12.30 и 13 часот. Најидеално време за вечера е 18 и 18,30 часот, што уште еднаш ја потврдува теоријата дека ако сакате да ослабнете, не треба да јадете после 19 часот.

Освен тоа, три четвртини од личностите кои учествувале во ова истражување изјавиле дека во слабеењето им помогнало тоа што имале лесен ручек, а меѓуоброк не избегнувале.

Според студијата најкритични часови за диета се помеѓу 18 и 22 часот, кога е најтешко да се издржи без храна и лицата кои се на диета во тој период најтешко можат да им одолеат на искушенијата.

Ова истражување всушност ја потврдува изреката – Појадокот изедете го сами, ручекот споделете го со пријател, а вечерата подарете му ја на непријателот.

Всушност, решението не е во избегнување на вечера, туку таа мора да биде барем три часа пред одење на спиење. Лицата кои биле успешни во губење килограми советуваат и оброците да не се прескокнуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi