Слабеење со помош на ким во прав

18 јануари, 20180
9

Најдобриот начин да ослабнете е да го забрзате метаболизмот. Постојат природни намирници кои го забрзуваат а притоа не мора да се одрекувате од храната, туку само да ги промените зачините.

 

Гладувањето никогаш не било најдобриот избор за слабеење. Килограмите лесно се топат кога правилно ги комбинирате намирниците и кога користите состојки кои природно го забрзуваат метаболизмот.

Научниците од Универзитетот за медицински науки во Иран формирале две групи, а секоја од нив се состоела од 44 жени со вишок килограми.

Во текот на три месеци овие две групи биле советувани за здрава исхрана и им било направено мени според кое внесувале по 500 калории помалку на дневна основа.

Првата група испитаници за тоа време јаделе ким во прав измешан со 140 мл јогурт. Втората група жени консумирале иста количина јогурт но без овој зачин.

После три месеци, жените од првата група кои консумирале ким во прав изгубиле околу 14 килограми наспроти испитаничките од втората група кои пиеле само јогурт.

Спроведеното истражување се’ уште импресионира кога ќе се земе во предвид и податокот дека учесничките од првата група изгубиле 14,64% повеќе масти од оние од втората група кои изгубиле само 4,91 % масти. Важната причината поради која жените губеле во тежина е поради состојките кои ги содржи кимот а тоа се филостероли, растителна хемикалија позната по нејзината способност да го оневозможува задржувањето на холестеролот во телото. Научниците сметаат дека поради тоа кимот има способност да го забрзува метаболизмот. Ако сакате да го пробате овој зачин не мора да го додавате во јогурт, едноставно можете да го додадете во било кое јадење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi