Слатките пијалоци се лоши за срцето и го зголемуваат холестеролот

1 март, 20180
7

Жените коишто редовно пијат многу слатки пијалоци имаат четири пати поголем ризик од развој на срцеви болести. Ова првенствено се однесува на засладениот чај, кафето со крем и многу благите сокови – открива едно истражување за здравјето на срцето.

Оваа опасност не се однесува само на подебелите жени, туку и на оние коишто имаат идеална тежина. Во истражувањето биле испитувани животните навики и здравствените податоци на 4166 жени на возраст од 45 до 84 години.

Ако се пијат секој ден, слатките пијалоци ги зголемуваат триглицеридите во крвта, коишто пак се поврзани со нивото на лошиот холестерол (LDL) и намалениот добар холестерол (HDL).

„Имаме реален доказ дека засладените пијалоци се ризичен фактор за срцеви болести. Луѓето денес сè повеќе ги пијат, иако се прилично нездрави“ – вели водителката на истражувањето, Кристина Сеј.

Врската меѓу шеќерот и срцето

Постојат некои калории коишто директно го бомбардираат телото, влегувајќи веднаш во крвотокот, за разлика до сложените јаглехидрати коишто постепено ги испуштаат шеќерите. Ако телото ја изгубило способноста да го регулира нивото на шеќер во крвта, тој останува во крвотокот, каде што може да го поремети метаболизмот на неколку начини, слабеејќи го имунитетот и зголемувајќи го ризикот од воспаление на многу органи, а воедно и на срцето.

Жените коишто често пијат слатки пијалоци, можеби не се дебели, но нивниот струк е поширок во споредба со другите. А токму зголемувањето на обемот на стомакот е индикатор за болестите на срцето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *