Со цвекло против хипертензија

15 јули, 20200
9

Покрај многубројните предности кои се откриени порано, како јакнење на имунитетот или чистење на кожата, британските научници утврдиле дека сокот од свежо цвекло значително го намалува крвниот притисок. Објаснувањето за тоа се нитратите во содржината на оваа билка- тие ги шират крвните садови и го зголемуваат протокот на крв.

Цвеклото има многу антиоксиданси и богато е со железо, бор и фолна киселина. Беталанот кој на цвеклото му дава темна боја е посилен антиоксиданс од полифенолот растителна хемикалија за која се смета дека е главна причина заошто луѓето кои јадат многу зален зеленчук имаат понизок крвен притисок.

Значи ова се повеќе од доволни причини да си подготвите освежителен и здрав напиток од цвекло. Наш предлог:Направете сами! Испробајте го рецептот за многу здрав и вкусен пиалок од морков и цвекло, за кој вашиот организам ќе ви биде благодарен.

Потребно е:

– Корен од ѓумбир (околу 2,5см)

– 10големи моркови

– 4 големи главици цвекло

Подготовка:

Излупете го зеленчукот и ѓумбирот. Исецкајте на крупни парчиња и ставете ги во соковник. Исцедете го сокот и пијте го во текот на денот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi