Тридневна диета со мед: 2 кг помалку за 3 дена

9 јули, 20180
8

Ако ја држите оваа диета, можете да изгубите 2 до 3 кг за само 3 дена…

Поради големиот број на хранливи состојки, медот треба да го консумирате секој ден, а како можете да го искористите во диета – прочитајте во овој текст.

Нутриционистите советуваат пред почетокот на диетата да набавите и користите мед со проверен квалитет, а предност им се дава на потемните видови.

Прв ден

Појадок: Две меко варени жолчки помешајте ги со една лажица мед. Шоља кафе или чај без шеќер

Ручек: 100 р сирење, 50 гр варен морков, 50 гр варена брокула, 50 гр варен карфиол. Сето тоа ставете го во блендер и мешајте додека да добиете кремаста смеса. Чај или кафе со 1 лажица мед.

Вечера: шоља бистра супа од зеленчук, кришка интегрален леб и 1 јаболко/крушка/портокал

Пред да си легнете испијте чај со лимон

67ceb28467cea275_164144253.jpg.xxxlarge_2x

Втор ден

Појадок: исто како и првиот ден

Ручек: Направете крем од едно меко варено јајце, лажица мед и 100 гр младо сирење. Со оброкот испијте и чај со лимон или кафе

Вечера: 150 гр риба или пилешко бело месо, мала чинија салата од зеленчук и чај со лимон

Трет ден

Појадок: Исто како и првиот ден + едно јаболко

Ручек: 50 гр сирење, кришка ‘ржан леб и чинија свеж варен зеленчук со лимонов сок

Вечера: 300 гр варен зеленчук едно меко варено јајце и шоља чај со една лажица мед

 

Напомена: Секој ден задолжително изедете половина лимон

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *