Извонреден накит од дрво и смола

30 јули, 20180
н3

Миха е уметник кој рачно изработува накит, дрво и смола.

Неодамна тој почна да додава опал на неговите дела. Резултатот е уникатен накит што изгледа како мали светови со планини, галаксии и поларна светлина.

Она што започна како страстен хоби брзо се претвори во нешто повеќе. Во почетокот на 2015 година, Миха обработувал дрво со стари  ‘рѓосани рачни алатки кои што ги наследил од својот татко. Неговото хоби наскоро се претвори во опсесија и секој дел од своето слободно време го поминувал во работилницата, често до доцна во ноќта.

Потоа, тој случајно почна да користи смола. Веднаш се вљуби во материјалот и смисли што се може да се направи од смола. Работејќи со дрво, тој почна да ги комбинира и двата материјали и да создава накит кој го давал на подарок на пријатели.

Со охрабрување на пријателите и семејството, тој одлучи да отвори профил во продавницата Etsy  … и бил воодушевен кога дознал дека и други луѓе ја сакаанеговата работа.

Накитот е дизајниран за да биде уникатен, со комбинирање на два спротивставени материјали во еден: смола и дрво. Некои проекти вклучуваат и други материјали како што се природни и вештачки произведени камења, скапоцени и полу-скапоцени метали, како и природни материјали како исушени цветови и мов.

Овие парчиња накит ќе ве освојат на прв поглед.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi