Бидете љубовници, а не партнери по навика!

6 јули, 20180
7

Понекогаш е навистина тешко да останете поврзани со партнерот. Со текот на времето многу парови престануваат да му даваат приоритет на времето поминато заедно и од љубовници полека стануваат партнери од навика.

Каде грешите?

Комуникација преку пораки

Ако вашата комуникација се одвива главно преку пораки оставени на фрижидерот или во вид на листи за работи кои мора да ги направите, тогаш повеќе од сигурно е дека покрај вас имате цимер, а не романтичен љубовник. Наместо тоа, вратете ја вашата врска назад, на врвот на списокот на одговорности. Поразговарајте со партнерот за секојдневните работи, а потоа запрашајте се еден со друг како напредува вашата врска.

Без расправање

Дури и најзаљубените парови не се согласуваат и се расправаат од време на време. Ако никогаш до сега не сте се скарале со партнерот, тоа е знак дека еден од вас е емоционално повлечен. Но тоа не значи дека намерно треба да започнувате кавги. Посветете внимание на вашите чувства и забележете дали можеби го игнорирате незадоволството.

Сè помалку секс

Ако сексот е нешто што го добивате само за време на роденден или годишнина, тогаш прескокнувате една од најголемите придобивки кои ги носи споделувањето на креветот. Физичкиот допир е моќен начин на поврзување на зафатените парови, а неговото отсуство може да биде причина за незадоволство и лоша комуникација. Затоа држете се за раце колку што е можно почесто и прегрнувајте се неколку пати дневно.

Непрепознавање на знаците

Ако сте нервозни веќе подолго време, а тој сè уште не го сфатил тоа, можно е да имате проблем со невербалната комуникација. Не обидувајте се да се извлечете со познатиот изговор дека тој би требало да знае што ве вознемирува затоа што очигледно е дека не знае. Не чекајте тој самиот да разбере, туку кажете му јасно и гласно.

Веќе не е забавно

Состаноците се тие кои ќе ви помогнат на интересен начин да ја прославите врската. Ако веќе некое време ги заменувате состаноците со целовечерни филмски маратони, тоа е знак дека сега сè помалку ја цените врската. Вратете ја забавата назад и испланирајте специјална вечер. Направете нешто што не сте го направиле порано. Отидете во нов ресторан или едноставно само прошетајте во некој непознат дел од градот.

Споделувајте

Разговорите за вашите тајни желби, но и за иднината на врската, се многу важни за поврзувањето со партнерот. Започнете разговор за она што ви е заедничко, а потоа преминете на личните работи. Споделете ги сопствените стравови и надежи. Потсетете се на старите добри времиња и на начинот како сте се запознале. Не заборавајте да поделите и комплименти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi