20 септември, 2018

Радио

Имате закажан состанок вечерва и, се разбира, сакате да се покажете во најдобро светло? Дефинитивно ќе се нашминкате и ќе го облечете она во што се чувствувате најдобро, но еден детал од рутината за убавина испуштете го!

Верувале или не, станува збор за туширањето!

Чудно, но вистинито! Секој од нас има специфичен мирис кој ќе предизвика позитивна или негативна реакција врз лицето до нас. И тоа е добро, бидејќи нашето тело препознава кој е вистинскиот за нас, а кој не е, пишува Cosmopolitan.rs.

Потта лачи феромони или таканаречени сексуални предаватели, и токму тие се виновниците за одбирот на партнерите. Ако, сепак, пред состанокот скокнете под туш, ќе ги отстраните сите природни мириси, а омилените мирисни ноти целосно ќе ги маскираат.

Како треба да изгледа вашата подготовка: Ако навистина треба да се истуширате пред да излезете (потта или мрсната коса се навистина голема причина сепак да не ја прескокнете употребата на вода и шампон), направете го тоа со производи без мирис.

Имаме уште подобра идеја – направете ги сите подготовки за излегување неколку часа порано.

Остави коментар

Почетна // живот // ЧУДНО, НО ВИСТИНИТО: Не се капете пред првиот состанок!
Горе