Дали го сакате „него“ или помислата на „вас со него“?

24 септември, 20180
l

Еве како да разберете за што се работи тука…

Често можете тоа да го чуете, можеби некогаш и сами го изговоривте, разговарајќи со пријателките “не знам дали го сакам него, или идејата за него”. Ако некогаш ви се случило да се запрашате, знаете дека не е секогаш лесно да се одреди она што го чувствуваме. Па, еве како да препознаете за што се работи. Ако го чувствувате ова, не го сакате. Само ви се допаѓа илузијата, или можеби ја сакате идејата за него. Но него, кој е покрај вас таков како што е – не го сакате.

Пробувате да ја пополните празнината

Ова бара многу размислување и може да биде емоционално исцрпувачко. Дали давате се од себе да изградите пријателство, блискост и партнерство со некој, само затоа што ви недостасува да имате некој? Било кој? Дали сакате да добиете потврда на сопствената вредност од некој друг? Дали ви е потребен некој да го поминете времето? Ако во длабочината на душата имате чувство дека само го “поминувате времето” со тој човек, немате за што да размислувате. Не го сакате. Само ви се допаѓа идејата да имате момче и во склоп на околностите тоа момче е – тој.

Колку повеќе време поминувате заедно, сè помалку уживајте во тоа

Кога сте навистина заинтересирани за некого, кога навистина се грижите, никогаш не ви е доста од заеднички моменти. И сè, па и најобичните работи во светот стануваат прекрасни само затоа што ги правите заедно. Тоа чувство не може да се смени со ниедно друго, така што … Ако не уживате во негово друштво … Што тогаш правите воопшто со него?

Не можете да не ги забележите неговите недостатоци

Очигледно, кога со некој го поминувате времето, полека станувате свесни и за недостатоците на тоа лице. Но, кога сакаме некој тие недостатоци не ни пречат. Ја прифаќаме личноста што ја сакаме таква каква што е и ги сакаме и тие мали несовршености. Ако сте свесни дека ги толерирате недостатоците на момчето со кое сте во врска, но тие цело време ви одат на нерви( само сте премногу пристојни поради што не зборувате за нив). Не го сакате, признајте си.

Не се чувствувате целосно затоа што го имате него

Ако немате чувство дека вашиот партнер ги задоволува вашите очекувања, ако немате чувство на задоволство на некоја “целина”, бидејќи вие сте заедно, многу е веројатно дека тој всушност не ве интересира, бар не на некое подлабоко ниво од она едноставно да имате момче за да не бидете сами. Нормално дека не ви е потребен маж за да бидете целосна личност, но кога вистинската љубов е во прашање, нашиот свет станува некако “заокружен”, нa поинаков начин отколку кога не сме во врска.

Ако тој не се потруди, вие нема да мрднете со прст

Кога ќе се потпреме на врската со некој за да ги “среди” работите во нашиот живот, таа врска е осудена на пропаст од самиот почеток. Ако некој го користите само за да го поминете несреќниот животен период, нема шанси никогаш да се создаде нормален, здрав однос. Не можете да очекувате некој да работи сѐ што треба, додека вие не се трудите воопшто, бидејќи никогаш не е доволен еден човек. Колку и да се обидувате. За врска се потребни двајца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi