Дали верувате во љубов на прв поглед?

22 декември, 20210
Screenshot_2

Наука вели дека љубовта на прв поглед – постои!

Книжевноста и уметноста воопшто се полни со дела кои ја истакнуваат љубовта на прв поглед, но сега овој романтичен идеал го докажа и науката.

Новото истражување покажа дека е потребно помалку од една третина секунда, пократко од трепнување, за да не привлече потенцијалниот партнер.

Невролозите кажуваат дека за препознавање на полот лице кое го гледаме за првпат потребни се само 244 милисекунди, а “пресудата” за привлечноста на таа личност “паѓа” само 59 милисекунди подоцна.

Истражувањето е инспирирано од социјалните мрежи, и можеби нема да ги изненади оние што веќе се специјлисти во брзо разгледување на безбројните  профили на некоја од онлајн страниците за запознавање.

Една од теориите кои ова го објаснуваат е дека сме еволуирале во тој правец, што ни овозможува брзо да утврдиме дали некој е привлечен или не, бидејќи тоа ни ги зголемува шансите да “обезбедиме” соодветен партнер, бидејќи добриот изглед потсвесно се поврзува со повисока интелигенција и подобро здравје, пренесува “Дејли мејл”.

Тим на психолози од Универзитетот во Бамберг во Германија ја следеше мозочната активност на 25 студенти на кои им беа покажани 100 портрети, а научниците следеа колку е потребно да се препознае полот, а потоа да се “одлучи” дали лицето од портретот е привлечно или не.

Брзината со која сето тоа се случува, укажува на тоа дека луѓето се под силно влијание на полните стереотипи врз основа на кои нешто се оценува како привлечно или не.

“Иако тоа можеби не е добро, убавото лице отвора многу врати во секојдневниот живот”, вели професорот Клаус Кристијан Карбон, кој го водеше ова истражување.

“Згора на тоа, убавите луѓе ги доживуваме како поинтелигентни, а дека физички привлечните луѓе се позадоволни со животот е познато од претходно.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi