Долгите врски го слабеат либидото кај жените, но не и кај мажите

16 февруари, 20180
7

Желбата за секс кај жените со години опаѓа, додека кај мажите со години останува на истото ниво, покажале новите студии.

Како што тврдат во истражувањето, на скалилото за желба за секс, женската желба констатно опаѓала со секој месец во врската. Во истражувањето учевствувале 170 мажи и жени што биле во врска од еден месец па до девет години, сите биле студенти на универзитет во Онтарио. Резултатите од истражувањето научниците, на чело со Сара Муреј, ги довеле до заклучок дека желбата за секс кај жените опаѓа во однос на тоа колку е подолга врската. Користејќи го скалилото на женската желба за секс, чиј опсег е од 1,2 до 6,0, научниците со истражувањето заклучиле дека кај жените за секој месец сексуална желба опаѓа за 0,02. Како што велат од Live Scinece, научниците сметаат дека за потребите за предвидувањата на сексуалните желби подобар фактор е должината на врската, отколку задоволството. Иако, нивото на хормони можат да влијаат на машката и на женската желба за секс, научниците предупредуваат дека не треба да се грижите за нив, туку да се концентррирате на создавањето однос кој е полн со љубов. Сара Муреј вели дека за доброто на врската многу е важно да се потрудите жешките игри во спалната соба да бидат забавни и интересни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi