Како до прв сексуален однос?

8 февруари, 20180
6

Прв пат кога ќе „одиш до крај“ – твојот првсексуален однос, навистина е посeбна работа. Можеби ќе бидеш загрижена или ќе се срамиш како ќе изгледаш без облека или пак нема да ти биде пријатно да бидеш толку гола пред некој. Сè тоа е природно, а лекот за овие работи е добракомуникација со партнерот. Треба да бидеш опуштена и да ги споделиш своите идеи со партнерот (кој исто така е по малку нервозен) – и напнатоста ќе помине.

Секс и љубов

За некои луѓе сексот е нераздвоен одљубовта и врските. Други чекаат брак за да го имаат првиот однос, а пак трети не гледаат заедничка врска меѓу сексот и љубовта.

Она што е битно за тебе е да се чувствуваш убаво и самоуверено во тоа што го правиш и да се заштитиш. Ова не значи заштита само на физичко поле – како што се бременоста и другите полово преносливи болести. Тука постои и емотивен ризик, а тоа е како ќе се чувствуваш после првиот сексуален однос. Затоа немој да си дозволиш тоа да го направиш само затоа што твоите другарки веќе го имаат направено тоа и си мислиш дека е глупаво да бидеш невина – можеш да се чувствуваш лошо после тоа.

Дали девојката може да затрудни по својот прв сексуален однос?

Да, ова навистина може да се случи доколку не се користи заштита. Заради тоа водете сметка и на време размислете каде да купите заштита, како што се кондомите.

Кога сум спремна за секс?

Не постои точен број на години кога организмот е спремен за секс. Тоа што е важно е сама да почувствуваш дека си спремна.

Дали првиот пат боли?

Многу девојки се грижат за ова прашање. Навистина, првиот пат може да боли и некои девојки дури и крварат по малку. Крварењето е последица на пукањето на хименот, тенката мембрана која ја покрива вагината и ја штити во младоста. Хименот има мали отвори низ кои поминува крвта додека трае менструацијата.

За да бидеш опуштена и спремна за однос треба да пролееш лизгава течност која ќе помогне пенисот полесно да влезе во тебе. За да дојде до тоа потребна е предигра. Во тоа спаѓа допирање, бакнување, мазење, зборување… и што друго и да смислите. Нека трае подолго твојот прв однос, поминете некое време заедно. Направете пријатна атмосфера со свеќи и некоја романтична музика. И кога тој ќе влегува во тебе ти малку подигни се (т.е. подигни го стомакот и колковите). Така нема да се чувствуваш толку болно.

Работи кои треба да ги знаеш пред да имаш однос:

  1. Внимателно одбери кој ќе биде твојот прв партнер, затоа што освен тоа што првиот најдолго се памти, мора да биде многу пазлив према тебе, да не го паметиш по некои лоши работи.
  2. Немој да заборавиш на заштита. Не дозволувај нешто да го загрози твоето прво искуство.
  3. Разговарај со мајка ти или со другарките кои веќе имале односи со своите партнери… така ќе бидеш спремна на она што те чека.
  4. Разговарај со него за вашиот однос. Нека ти ги каже неговите ставови за сексот, како би се однесувал према тебе и после водењето љубов.
  5. Немој да се срамиш од своето тело, опушти се и чувствувај се привлечно. Имај самодоверба!
  6. Замисли како би сакала да изгледа твојот прв однос, но немој да претеруваш во размислувањата за да не се разочараш на крај ако не испадне сè баш како што си замислувала.
  7. Запознај го своето тело пред да дадеш некој друг да го запознае.
  8. Не прави ништо во што не си сигурна. Немој да дозволиш некој да влијае на тебе или на дечкото кој е со тебе.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *