Како договорениот секс да биде „жежок“ секс?

9 мај, 2018
2

Можеби нема да биде спонтано, но сексот сепак ќе биде забавен. Пробајте ги овие трикови ако сакате да го зачините љубовниот живот.

Живееме во модерно време, а со натрупаните обврски во текот на денот се чини дека сексот останува на последно место. Како и другите важни работи во вашиот живот, така и за сексот треба понекогаш да создадете време. Сепак, постојат начини на кои ќе го вметнете сексот во вашиот секојдневен распоред без да ја изгубите романсата.

1. Договорете состанок

Повеќето двојки можат да најдат време барем за еден состанок во текот на работната недела. Ако имате деца испратете ги кај вашите родители доколку се согласуваат да останат кај нив барем една вечер. Потоа испланирајте некои интересни активности во спалната соба.

2. Бидете спонтани

Мажите најчесто можат да бидат премногу исцрпени од обврските, па кога ќе имате шанса најдобро е да дирекно да се впуштите и да ја искористите. Но кога веќе ќе го возбудите, можете да прдолжите со интересни игри во кревет.

3. Попладневно уживање

Голем број од жешките врски се поткрепени со попладневен секс. Има нешто што го прави сексот со вашиот партнер повозбудлив. Ако мора да работи до доцна изненадете го или испратете ги децата кај вашите роднини во недела попладне. Ако има своја канцеларија, однесете му нешто за јадење и дел од вашата љубов.

4. Утрински секс

Секој маж обожава секс наутро. Да не зборуваме и дека половина од неговото тело е подготвено уште пред да се разбуди. Понекогаш неговата преголема возбуда навечер може да го направи сексот краток но сладок. Но наутро, тој е одморен, релаксиран и сексот може да трае многу подолго.