Кому потешко му паѓа разводот?

8 февруари, 20220
uRVFnuNx3F-tipovi-na-raskinuvanja-i-kako-da-se-spravite-so-istite

Што мислите, кој побрзо го преболува раскинувањето или разводот, „понежниот“ или „посилниот“ пол?

Секој четврти брак завршува со развод, а барањето за развод во повеќето случаи се поднесува во период од една до четири години по склучување на бракот …Статистиката е тажна, причините за развод на секој пар се различни, но психолозите се согласуваат во едно, единствената постресна ситуација од разводот е смртта на саканиот.

А што мислите, кој полесно закрепнува од разводот? Или раскинувањето на долга врска?

Па, неодамнешното истражување покажува дека жените подобро го поднесуваат разводот. Повеќе од половина од испитаничките кои учествувале во една британска анкета, односно 53% од нив изјавиле дека “се многу посреќни, бидејќи се развеле”, додека само 32% од мажите го изјавиле истото.

Во истражувањето учествувале 1.060 разведени мажи и жени на просечна возраст од 54 години, а испитаниците одговориле 30 прашања во врска со приватниот живот и причините кои довеле до колапс на бракот.

Се воспоставило дека разведените жени почесто користат зборови во позитивна конотација, како што се „мило ми е“, „прослава“, „возбуда“, додека мажите се фокусираат повеќе на „заблуда“, „разочарување“, се вели во анализата на пополнети прашалници.

61% од жените изјавиле дека се среќни што не се во врска и дека не побарале партнер по разводот, додека само 47%  од мажите се чувствуваат така.

Исто така, мажите почесто имаат некакви чувства за нивниот поранешен партнер (17%), по разделбата, отколку  жените (само 8%). Но сепак, мажите по разводот многу побрзо се подготвени да почнат повторно да се гледаат со други  жени, па затоа можноста да започнат нова врска е 30% повисока од онаа кај жените.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi