Најдобриот секс во животот се случува повеќе пати

2 јануари, 20180
5

Покрај се почестиот “секс за една вечер” кој кај младите се повеќе се шири, истражувањето кое го спровело Дурекс покажало други резултати.

Мажите и жените за свое најдобро сексуално искуство го сметаат она што го имале со партнерот во кој имале доверба, наместо некој со кој едвај се познаваат, без разлика колку таа личност е секси и привлечна.

Од 2000 анкетирани над 25 години, 87% жени и 95% мажи одговориле дека највозбудливиот секс го имале со личност со која биле во емотивна врска (иако истражувањето не нагласува што точно се подразбира под “врска” во смисла на сериозноста на меѓусебните односи).

Многу е едноставно. Најпрво ќе се опуштите додека му објаснувате на вашиот партнер што ве привлекува, а кога ќе знаете дека тоа не е само физичка привлечност туку и дека постојат емоции, тоа ќе биде повозбудливо. А и нема да се случи само еднаш!

И покарј популарноста на сексот за една вечер, тој всушност не носи толку големо задоволство, па се поставува прашањето зошто младите толку често го практикуваат? Да напоменеме дека таквата работа најчесто вклучува алкохол, кој го намалува уживањето, па дури во некои случаи и го оневозможува.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *