Ова се најчестите машки жалби и комплекси што жените најмногу ги мразат

24 август, 20180
мм

Ако мислите дека ние жените само се оптоваруваме со нешта како што се возраста и физичкиот изглед, се лажете. Мажите се подеднакво несигурни за истите работи, и тие често толку се срамат за нив и лажат.

Вишок или недостаток на килограми

Иако жените ретко велат дека имаат повеќе килограми отколку што всушност имаат, мажите често го зголемуваат тој број, особено ако се многу слаби. Истражувањата покажаа дека 60 посто од мажите го намалуваат, а 40 посто го зголемуваат бројот кога станува збор за килограми.

Одење во салон за убавина и употреба на козметика

Не сакаме само ние добар хидратантен крем или третман за чистење на лицето. Мажите исто како и жените уживаат во салоните за убавина, но единствената разлика е што тие многу често се срамат да го признаат тоа.

Височина

Мажите со низок раст често се чувствуваат многу несигурни во присуство на девојки со високи потпетици, па понекогаш избегнуваат места каде што ова е вообичаен кодекс на облекување.

Години

Можеби во деновите на пубертетот ќе излажат дека се некоја година постари, сепак, мажите понекогаш се чувствуваат несигурни поради годините, па затоа често ги намалуваат и за цела деценија.

Состојбата на банкарска сметка

Сонот на повеќето мажи е да бидат доволно добро ситуирани за да можат да го издржуваат семејството, да поседуваат автомобил и едноставно да се чувствуваат добро. Освен тоа, факт е дека голем број жени се привлечени од финансискиот аспект речиси исто како и со физичкиот изглед, па затоа не е чудно ако човекот се чувствува несигурен без доволно финансиски средства.

Сексуално искуство и способност

Ова е, претпоставувате, темата за која повеќето мажи лажат. Секој сака да остави добар впечаток, дали на друштвото, дали на поубавата половина, па бројките во секоја смисла ги преувеличуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *