ОВА СЕ ВАЖНИ РАБОТИ ОД КОИ НИКАКО НЕ СМЕЕТЕ ДА СЕ ОДРЕЧЕТЕ КОГА СТЕ ВО ВРСКА: Сетете се дека и пред него имавте живот!

5 септември, 20180
з

Продолжете со својот живот, како и до сега.

Без оглед на тоа што вашиот статус сега е “во врска“, од овие работи никогаш не треба да се одречете. Сетете се дека пред него имавте живот и уживавте во некои работи, од кои во никој случај не треба да се откажете и сега.

Дружењето со пријателките

Знаеме дека сакате да го поминете секој слободен момент со него, но тоа не е здраво. Вашите пријателки биле тука и пред него, забавата беше извонредна и тој никогаш нема да може да го замени тоа во вашиот живот. Затоа, научете подобро да го планирате времето. Така нема никој да занемарите.

Самостојно донесување на одлуки

Секако дека сега вие сте двајца, а некои одлуки треба дефинитивно да се донесат заедно. Со тоа мислиме на одлуки кои се однесуваат на вашиот однос и врска, а не на насоката во која треба да оди вашата кариера или како треба да се облечете.

Време само за себе

Ако сакате петок вечер да го поминете со омилената серија и пуканки, а не во неговата прегратка, тој треба да разбере.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *