Првиот бакнеж се помни засекогаш?

20 септември, 20180
first-kiss-tips

Првата љубов заборав нема, потврди и науката.

Истражувањата на научниците од Универзитетот во Тексас покажаа дека повеќето луѓе се сеќаваат на 90 проценти од деталите во врска со првиот бакнеж.

Секако, повеќе луѓе се сеќаваат на својот прв бакнеж отколку на првото водење на љубов, открива биологот Шерил Киршенбаум во книгата “The Science of Kissing: What Our Lips Are Telling Us” (Наука за бакнувањето: што ни кажуваат нашите усни).

Оваа наука го изведе експериментот во кој се мери активноста во мозокот на мажите и жените кои гледаа различни сцени на луѓе кои се бакнуваат.

Така е утврдено дека бакнежот најмногу го ценат жените, додека за мажот бакнежот обично укажува на подоцнежна размена на други телесни течности.

Жените вообичаено ја оценуваат важноста на љубовните врски врз основа на првиот бакнеж, што знае да доведе до лоша комуникација.

Мажите се повеќе агресивни кога бакнуваат, затоа што се обидуваат да ја пренесат “тестостеронската бомба” на партнерката.

Сепак, утврдено е дека пократките и почестите бакнежи се поефикасни и можат да доведат до тоа жената побрзо да се вљуби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi