Само една романтична ситница може значително да го подобри вашиот љубовен живот

20 декември, 2018
love

Според истражувањето спроведено од Superdrug Online Doctor, двојките кои имаат прекари еден со друг, се многу посреќни и имаат посилна врска отколку оние кои немаат.

Имено, според резултатите од истражувањето, употребата на прекари го зголемува взаемното задоволство на двојката за 16%, додека епитетите како „убавица“, „душо“ или „слатка“ го подобруваат расположението на жените за дури 90%.

Она што исто така е многу ефикасно е смислувањето на уникатен прекар за вашата подобра половина. Докажано е  дека создава посилна врска помеѓу вас и ви дава чувство дека живеете во еден мал затворен свет во кој уживате само вие двајца.

Исто така, присуството на прекарот е знак на релаксирана и убава врска, бидејќи тоа значи дека  доволно добро се познавате за да го смислите вашиот мал, приватен љубовен јазик.