Секогаш знај која си, каде си и што сакаш!

1 јуни, 20180
5

Поголемиот дел од моите пријателки се супер атрактивни, самоуверени и финансиски независни жени но тешко се снаоѓаат во љубовта. Секогаш сум се прашувала зошто мажите не сакаат да излегуваат со таков тип жени и после долги години мислам дека најпосле разбрав.

Најчестите поплаки од моите пријатели мажи е дека никогаш не излегувале со девојка со пари, или дека никогаш немале луд, нестандарден секс со својата партнерка. Кога ги прашав зошто се тогаш заедно, повеќето од нив ми одговорија дека таа, неговата партнерка е мила и добра девојка.

Мажите се возбудуваат од силни и секси жени, но на крај предпочитаат да се приберат навечер кај својата партнерка, која обично не работи или има скромна кариера. Жена која ќе ги слуша и боготвори, наместо да сака да се развива.

Ми одзема доста време, но на крај стигнав до заклучокот дека мажите по природа често се несигурни, независно дали поради големината на пенисот, финансиската моќ, физичките способности или височината. Многу мажи се несигурни, што од своја страна ги тера да изневеруваат. Тие постојано треба да се уверуваат самите себе дека се уште ги бива и се посакувани од други жени. Избираат да бидат со „добрата девојка“ зошто знаат дека таа нема да ги изневери. Но во истото време, истата таа жена што ја избрале не ги задоволува нивните потреби во кревет.

Поради својот несигурен карактер, овие мажи никогаш нема да бидат со луди, секси и атрактивни девојки. Зошто? Таквите девојки имаат голема самодоверба и знаат што сакаат, не би биле послушни кравички, кои чекаат саканиот да се врати од службен пат.

Дилемата

Во училиште сме или сме возрасни? Ако двајца возрасни излезат и навистина си се допаднат, што има лошо во тоа, ако имаат секс првата вечер или петтата? Нема! Но многу несигурни мажи си мислат, „Ако таа спие со мене уште првата вечер, значи така прави и со другите, што значи спиела со многумина.“ Овие девојки најчесто се категоризирани како непожелни за врска.

Одговорот

Треба ли да успорите, да се облекувате конзервативно, и да ја играте улогата на „добрата девојка“, да почекате неколку состаноци пред да имате секс? Да, дами, точно така треба да направите ако сакате да имате врска со еден од тие „несигурни“ мажи, кои најверојатно во скоро време ќе ве изневерат.

Со сите маски кои најчесто ги користат мажите, тешко е да се каже дали некогаш ќе ги видиме нештата појасно. Колку побрзо ја откриете неговата суштина, помалку веројатно е да се разочарате, да бидете повредена или да го губите времето со човек кој не е за вас. Бидете наштрек со мажите околу вас, обидете се секогаш да ви е јасно која сте, каде сте и што сакате!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi