Тој ме изневери! Како да реагирам?

30 јануари, 20180
6

Седни и диши длабоко!

Во тој момент нивото на хормонот на стрес е многу високо. Неверството веќе се случило и тоа не е повод да умираш. Ти треба сила за да делуваш.

Затоа – вдишувај длабоко низ нос, претставувајќи дека ја вдишуваш розовата енергија на љубовта и издишувај низ уста представувајќи дека издишуваш гнев и омраза – тоа делува како анестезија барем привремено но ќе ја намали првата болка.

Не прави ништо!

Прво треба да разбереш зошто тоа се случило и што сакаш да постигнеш. Првите реакции обично се многу импулсивни и затоа погрешни.

Затоа независно што сакаш да го убиеш и да му кажеш се – кажи го тоа на пријателка или психолог – тоа ќе биде многу подобра варијанта.

Секс?!

Точно сега е моментот да му покажеш дека го посакуваш. Тоа е твојот маж и нема да го дадеш лесно.

Најголемата грешка е дека во овој момент жените престануваат со секс и мажите имаат дополнително оправдување да одат кај љубовницата.

Најди начин да се ослободиш од емоциите!

Нормални емоции во ваква ситуација се гнев, страв, омраза, тага. Затоа ако треба почни со некој спорт, танци или било што, што ќе ве ослободи од притисокот.

Не задржуваш ништо внатре, но не го изливаш ни врз партнерот!

Собери максимум информација за љубовницата!

Што има таа повеќе, што ти немаш? Учи од неа! Развиј ги тие квалитети во себе. Средена е секогаш? Фризура, шминка, секси гардероба? Знае добро да флертува? Но знаеш и ти!

Звучи непријатно, но треба да сме благодарни на љубовницата бидејќи таа ќе ни покаже што треба да развиеме во себе. Ако правилно се развиваме, мажот многу скоро ќе ја остави љубовницата и ќе те сака уште повеќе!

Дај си барем една година за прошка!

Прошката не очекувајте ја така брзо, без разлика што мозокот така сака! За да излекува таква длабока рана, на една жена и треба минимум една година. Затоа дај си време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi