Во врската, што почитуваат мажите, а што жените?

13 април, 20180
7

Ако сакате квалитетна врска – нема да ви биде лесно. Треба да се вложи многу труд за двајцата партнери да бидат задоволни и среќни. Магазинот Redbook извршил големо истражување и анкетирал по 100 мажи и 100 жени, кои отворено кажале што им е најважно и што најмногу почитуваат во врската.
СЕКС

Мажи: Кај својот партнер ќе освоите дополнителни поени со желбата за редовен секс. Мажите најмногу сакаат орален секс и тоа наутро. Мажот сака кога ќе превземете иницијатива, а нема да му пречи и предлогот да пуштите порно филм за загревање. Исто така во доменот на сексот се и предигрите. Во анкетата мажите кажале дека ја сакаат и предиграта – која започнува со некое собирање надвор од куќата или на вечера.
Жени: Тие повеќе ја сакаат предиграта. Во анкетата конкретно ги откриле своите желби, па на прво место ја ставиле потребата за време на сексуалниот однос партнерот да се посвети само на нивното задоволување. Исто така важно е партнерот да се обиде целосно да ја задоволи, иако тој е “готов”. Предиграта за жените е задолжителна и треба да трае барем 20 минути. Жените исто така се авантуристки, па слободно можете да им кажете ако сакате да пробате некоја нова поза или некои помагала.

ОСВЕН СЕКСОТ…

Мажи:
Тие сакаат да ги повремено да ги видат своите партнерки во фустан, наместо во тренерки и тоа ги возбудува. Тој ќе се развесели ако во чантата или во паричникот најде некоја порака на која значењето само на него ќе му биде јасно. Тој сака да се подготвите за него, а се радува и ако одите да купите нешто без него. Вашиот патнер многу ќе се израдува ако одите на вечера со неговите другари и нивните девојки.
Жени: Како што е очекувано, листата на желбите на жените е поинаква. Тие ќе почитуваат ако во ресторанот им го понудите своето јадење бидејќи сте забележале дека нејзиното не е вкусно. Исто така ќе биде изненадена ако се заинтересирате за нејзиното хоби. Малку разнежнете ја, па донесете и појадок во кревет или купете и цвеќе без да има некоја посебна причина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi