Вртете ги момците околу малиот прст

19 февруари, 20180
7

Старата мудрост вели дека мажите манипулираат со сите околу нив, а жените манипулираат со мажите. Со помош на следниве совети ќе станете вистинска заводничка по која тие ќе полудат. “Кутрите”, нема ни да сватат што им се случило.

Бидете недопирлива

Никогаш или многу ретко одговарајте на неговите пораки, повици или мејлови, дури и кога тоа го сакате. Дозволете да поминат неколку денови, па потоа дури одговорете незаинтересирано. Мажите едноставно не умеат да се снајдат во такви ситуации.

Пофалете го

Мажите обожаваат комплименти. Кога сте со него фалете го и ласкајте му. Во комбинација со недопирливиот пристап нема да има претстава што се случува и едноставно ќе полуди по вас.

Поставете му услови

Пред да го “пуштите” во вашиот кревет, поставете му неколку услови кои ги сакате. Дури и кога вие го посакувате немојте да се откажете додека не ја остварите вашата цел.

Полудете го од љубомора

Флертувајте и со други мажи. Кога ќе свати дека во опција имате и други освен него, тој ќе стане најпрекрасниот тип на светот.

Плачење

Мажите се особено чувствителни на солзи. Ако не ви оди како што сте замислиле, секогаш може да пуштите по некоја солза. Ви тврдиме дека после тоа се ќе биде многу полесно.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi